Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Tоп

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Најдени траги што зад себе ги оставиле „арамииите“ кои ги украдоа  трансформаторите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдени траги што зад себе ги оставиле „арамииите“ кои ги украдоа  трансформаторите од инфраструктурата на Македонски железници, и направија штета „тешка“ 5 милиони евра. Веднаш по кражбата во електровлечната подстаница Драчево, на 26 јули, полицијата ја почнала истрагата, а откриените траги се дадени на вештачење.

  • Во врска со тешката кражба на трансформатори во инфраструктура Македонски железници, Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје презема низа дејствија за расчистување на кривичното дело и утврдување на други околности поврзани со истото, при што извршен е увид на лице место и подигнати се траги кои се дадени на натамошно вештачење“ велат од МВР за Алфа.

При кражбата, сторителите насилно превртеле два големи електроенергетски трансформатори, секој тежок повеќе од 30 тони. Од нив било испуштено и истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и останатите вредни компоненти биле отстранети и украдени.

Од подстаницата биле одземени и бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и речиси сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање.

Реклама

Сето ова да се направи за една ноќ е невозможно доколку не биле инволвирани високостурчни луѓе. Вакви сомнежи има вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој алудира на тоа дека со толку висок напон на електрична енергија не може да управува човек кој нема такви познавања.

  • „Тоа е нешто што може да го направат само високостручни луѓе. Со висок напон на електрична енергија не може да се справи обичен човек ниту, пак, таа механизација што е употребена таму не може да се најде каде било… Тоа е сработено во една ноќ, буквално и очигледно од високопрофесионални крадци. Јас сум убеден, но секако јас не ја водам истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од ‘Железница’ ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди, но оставам на МВР да ги процесира оние коишто го направиле ова“, кажа Николоски во гостување на национална телевизија.

Со кражбата, како што соопшти Министерството за транспорт, предизвикано е целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура и оти објектот е нефункционален. Сепак, ова не го попречи функционирањето на железничкиот патнички и товарен сообраќај, а според вицепремиерот недлежните имаат и бег ап решение за градскиот воз. Во меѓувреме е донесена одлука за набавка на два нови трансформатори.