Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Прилози

Лажна историја за странски туристи: Нерегистрирани туристички водичи од Бугарија шират историски невистини среде Македонија

Гоце Делчев Бугарин, Цар Самоил бугарски владетел на бугарско царство со центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гоце Делчев Бугарин, Цар Самоил бугарски владетел на бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија, Македонците се Бугари и говорат дијалект на бугарскиот јазик… Дел од странските туристи во државава, можеби токму ова го добиваат од неовластените странски туристички водичи од Бугарија кои имаат тури во земјава. Првиот човек на македонската асоцијација на туристички водачи и придружници, Димитар Кавраков вели она што бугарските водичи го презентираат е далеку од добро за државава.

 Од асоцијацијата додаваат и дека еден од најголемите проблеми со кои се справуваат со години е нивната нелегална конкуренција од соседните држави.

-Не секогаш знаеме што презентираат, меѓутоа воглавном знаеме што презентираат и од таа причина ние сме многу гласни и досадни. А што зборуваат, може ако се приклучите на некоја група случајно и еве и вие медиумите некогаш ќе ве повикаме да дојдете со нас па да ги видите што прават, така да ќе имате информација од прва рака, ама сигурно не нешто добро, вели Кавраков.

Реклама

Сепак се надеваат дека по долги години проблемот ќе биде решен. Конечно почнале да работат државните институции. Годинава прв пат биле примени од директорот на пазарниот инспекторат, чија надлежност е овој дел, и се надеваат дека инспекторите ќе излезат на терен. Упатија благодарност и до другите владини институции задолжени за овој сектор што конечно се заинтересирале за нивната дејност.

-Фала Богу викаме препознаен од две институции, кои што се од големо значење за нас, а тоа се Министерството за култура и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Како таа соработка ќе се одвива понатаму јас се уште не можам да кажам, меѓутоа битно е дека ги привкековме и нивните очи и нивните уши, вели Кавраков.

Уште еден голем проблем со кој се справуваат е хигиената, посебно во центарот на Скопје. Велат пред се срамота е главниот град да нема јавен тоалет во деловите каде што се главните туристички места.

-80 проценти од нашето време што го трошиме со странците е правдање на ѓубрето, вклучувајќи ја и оваа улица кое што е главно место каде туристите проаѓаат и гледаат, вели Кавраков.

Во чест на денот на туристичките водичи денеска тие во Скопје и Битола организираа бесплатни тури за туриститите во државава.

Матеја Петровски