Традиционално, Управата за јавни приходи и оваа година организираше крводарителска акција под мотото „Дарувај крв – дарувај живот“.
Во соработка со Институт за трансфузиона медицина, акцијата уште еднаш ја потврди важноста на солидарноста и хуманоста.
„Акцијата „Дарувај крв – дарувај живот“ не се организира првпат во Управата за јавни приходи, значи редовно, традиционално се организира по повод Денот на даночните службеници, Свети Матеј, во ноември секоја година. Но, овој пат излегуваме и надвор од тој термин, со што покажуваме солидарност и хуманост. Секоја единица крв што ќе биде дарувана значи помош да се спаси нечиј живот и тоа е најголемиот и најзначаен придонес“, изјави Елена Петрова, директор на Управа за јавни приходи.

Директорот на Институтот за трансфузиона медицина Амир Елези упати апел за хуманост и зголемување на бројот на дарители на крв.
„ Како што ме информираат од нашиот Институт, од нашата аналитика, верувам дека и оваа година ќе биде успешна. Ние сите треба да се залагаме во промоцијата на овој хуман акт затоа што пациентите сè повеќе имаат потреба од крв и крвни продукти и секогаш треба да бидеме подготвени во случај кога има потреба“, изјави Амир Елези, директор на Институт за трансфузиона медицина.
Секоја една помош може да спаси многу животи, е пораката од денешната хуманитарна акција.
Бојана Шурлиновска
