Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Прилози

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи, меѓу кои и вработена во МВР

27 кривични пријави за луѓе вмешани во скандалот со фалсификувани возачки дозволи.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

27 кривични пријави за луѓе вмешани во скандалот со фалсификувани возачки дозволи. Главна во целиот процес била жена вработена во МВР, која за полицијата е веќе добро позната, бидејќи во 2021 била вмешана во аферата „Двојник“ за нелегално издавање пасоши на криминалци.  Сега, според истрагата, таа повторно ги искористила службените овластувања за незаконски интервенции во системот за издавање документи. Од 2020 до 2026 година, службеничката на МВР, според сомнежите, ја користела својата службена шифра за да менува барања за возачки дозволи во системот. Некои барања ги бришела и правела нови, во кои им внесувала категории на граѓани кои според закон немале право да ги добијат.

„Со ваквото незаконско постапување биле издадени возачки дозволи на 21 лице со незаконски внесени категории, додека во еден случај дејствието останало во обид. Во три случаи претходно креираните барања биле отфрлени, по што биле оформени нови барања во кои повторно биле внесени категории за кои не биле исполнети законските услови“, велат од МВР.

Во целата шема биле вклучени и четворица посредници. Тие наоѓале луѓе кои сакале да добијат возачка дозвола, ги поврзувале со службеничката и ја средувале постапката. Според МВР, на овој начин биле издадени незаконски дозволи на 21 лице, а во еден случај обидот не успеал. Шестмина со таквите дозволи ја минале границата, а двајца ги користеле и за управување возила во меѓународен превоз на патници и стока.

Реклама

„За констатираните неправилности, Одделот за внатрешна контрола го извести Министерството за транспорт, со барање за вонреден надзор над правните лица кои вршат обука или посредуваат при издавање сертификати за професионална компетентност, како и за преиспитување на законитоста на веќе издадените сертификати и преземање соодветни мерки согласно со закон“, изјави МВР.


За службеничката и уште две лица Обвинителството побара притвор, додека за 17 лица се предложени мерки за претпазливост. По седуммина осомничени сè уште се трага. Ова не е прв случај на злоупотреби со возачки дозволи. Во периодот кога беше откриена аферата „Двојник“ со околу 200 фалсификувани пасоши, пет полициски службеници беа обвинети за незаконско издавање 31 возачка дозвола на лица кои немале положено испит. Повеќето ја признаа вината, а организаторите добија затворски казни од шест месеци до три години. Сега, по неколку години, повторно се проверува како незаконските дозволи успеале да поминат низ системот и дали во случајот има и други вмешани полициски службеници.