Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот. Тестот ќе биде достапен за сите здравствено осигурени трудници, без дополнителни трошоци.

Според Величе Николова, специјалист медицински лаборант во Клиничката болница – Штип, со воведувањето на овој тест установата поставува нов стандард во грижата за бремените жени.

– За прв пат во КБ Штип се воведува БЕНЕТЕЧ тест – пренатален скрининг. Болницата го покрива целиот источен регион и секоја трудница со државно здравствено осигурување може да го направи овој тест. Се работи за брз, безболен метод, за кој е потребно само земање венска крв, изјави Николова.

Реклама

Појасни дека трудниците треба да донесат упат од матичен гинеколог и ехо-преглед на плодот. Тестирањето ќе се изведува секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.

Од болницата истакнуваат дека ова претставува значаен чекор напред во пренаталната дијагностика и обезбедува поголема сигурност и навремена информација за здравјето на плодот. Медицинскиот тим уверува дека процесот е едноставен, брз и целосно безбеден.

Со воведувањето на овој тест, велат од болницата, се отвора ново поглавје во заштитата на мајките и бебињата, а се очекува сè поголем број идни мајки да ја искористат оваа можност за посигурна бременост.