Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Ќе им се скратат наградите на судиите и обвинителите

Министерката за финансии смета дека не направила грешка што скратила дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии смета дека не направила грешка што скратила дел од буџетите на судовите и обвинителствата. Вели дека со години наназад трендот на зголемување на буџетите растел поради обемот на плати. Секоја година и покрај одобрените средства немало нови вработувања, а овие институции парите си ги пренаменувале за исплата на додатоци на плата, како оној за доверливост на податоци и слично. Сега, вели Димитриеска Кочоска, новата Влада сака да ја укине таа пракса. Смета дека од државната каса се одлеваат непотребно милионски суми поради предолги судски процеси, ненавремени пресуди и грешки. Според министерката, барањата за поголеми буџети во услови на катастрофална недоверба кон судската власт се неоправдани.

„За што да си додадат на плати 35% плус? Си прераспределуваат додатоци и сега им ги скратуваме. Срамота е колку треба да плаќаме за пресуди од Стразбур. 7 години не вработувале. Знаете ли колку извршни исправи имаме од судството, а тие 7 години не вработувале, а никој не ги попречувал. Никој. Не вработувале, а бараат повеќе пари. Барем да сработат нешто. Ефикасноста не ја задоволуваат и процентот на довербата е 2%. Во обвинителството биле буџетирани вработувања, но не биле реализирани. За оваа година, нема донесено ниту План за вработување“

Во наредниот период следи борба со сивата економија. Морало да се наплати се што е нелегално бидејќи бројките за наплатени приходи во првата половина од годинава се поразителни. Потфрлањето е за 3,5%. Наплатата на ДДВ била помала за 5,21%, а на акцизи за 6,58. Добар показател била наплатата на царини овој месец, која била на рекордно ниво од постоењето на Царинската Управа, што е за 16,6% повисок износ споредено со истиот период лани. Дополнително, планот за намалување на стапката на данок на добивка на 5% за за компании кои прават над 50 милиони евра профит, требало да донесе странски капитал во земјава.

Реклама

Министерката за финансии уверува дека земањето на заем од Унгарија било најисплатливо решение во моментов. Доколку се одлучело за издавање еврообврзница , сегашните камати би изнесувале од 5,4% до 5,9%, не сметајќи ги и  оперативните трошоци кои би ја зголемиле цената за 1 до 2 процентни поени.