Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Јаневска се обрати на VIII Конгрес на СОНК

На покана на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска се обрати на осмиот конгрес на синдикалната организација, кој денес се одржува во Скопје. На конгресот, согласно агендата, треба да бидат усвоени програмски документи за работа во следниот 5 годишен период и да биде изгласано ново синдикално раководство.

-СОНК е еден од најважните економско – социјални партнери на Владата и на Министерството за образование и наука. Заедно се креирани многу политики. Драго ми е што често добивам предлози и укажувања од вашето членство и раководство, кои многу помагаат во правилното одлучување. Немам замерки на ниту една забелешка, идеја и мислење. Напротив, задоволна сум што секој предизвик го надминуваме заеднички и низ дијалог- рече Јаневска.

Посочи дека е особено горда што токму во време на нејзиниот мандат е постигната спогодба за долгорочен и реален раст на платите во основните и средните училишта, кој за прв пат е врзан со стапката на инфлација. Потсети дека досега од постигнатата спогодба реализирани се три покачувања на платите во вкупен процент од над 20 отсто.

Реклама

-Над 300 наставници и стручни соработници во изминатите две години имаа можност за кариерен развој и напредување во звање ментор или советник, додека пак, сите беа опфатени со програмите за професионален развој преку проширен опсег на обуки од страна на Бирото за развој на образованието и другите институции и партнерски организации- додаде министерката.

Јаневска рече и дека е усвоена нова законска регулатива и Стратегија за образование 2026-2032 во што, СОНК даде значителен придонес.

Владата се потруди да ги подобри условите за работа подеднакво во сите општини низ државата, со обезбеден најголем буџет досега за образование и за капитални инвестиции, при што реализирани се 90 проекти во вредност од 70 милиони евра. Исто така, додаде Јаневска, олеснета е административната работа на наставниците, со обезбеден нов електронски дневник далеку пофункционален од претходниот.

-Добрата комуникација, разбирање и делување се главните фактори што нашето партнерство опстојува и дава резултати. Тоа е и причината поради која верувам дека, независно од исходот на денешниот конгрес и избор на раководство, во позитивна насока ќе продолжиме да работиме и понатаму – рече министерката, упатувајќи порака до синдикалното членство – градењето на поквалитетен образовен систем и подобрување на резултатите што ги даваат нашите ученици да остане заеднички фокус заради севкупен општествен развој.