Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Јаневска: На Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговорајќи на пратеничко прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со подобрување на образовниот систем, информираше дека деновиве на Е-влада ќе биде доставен новиот закон за Националната рамка на квалификации. Јаневска се надева дека многу брзо Собранието ќе може да го донесе.

На пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче во однос на можната дискриминација на студентите кои имаат 180 и оние кои имаат 240 кредити, Јаневска потсети дека како Министерство, на студентите со 180 кредити им дозволиле да конкурираат за стипендии за постдипломски студии во траење од две години.

– Не би се согласила дека се дискриминирани студентите со 180 и оние со 240 кредити. Еве една мерка која како Министерство за образование ја преземавме, е што на студентите со 180 кредити им дозволивме да конкурираат за стипендии за постдипломски во траење од две години, за да можат да го дооформат своето целокупно знаење, а оние со 240 кредити можат да конкурираат за едногодишни постдипломски студии. Во одредени системски закони точно е дефинирано каде можат и што можат да работат студентите со 180 кредити и со 240 кредити, рече Јаневска.

Реклама

Таа напомена дека овој Закон е во надлежност и на Министерството за економија и труд.