Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Јаневска ќе бара одговорност од организаторите на приредбата во Челопек, каде децата носеа амблеми на УЧК

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, најави дека утре Државниот Просветен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, најави дека утре Државниот Просветен Инспекторат ќе го посети основното училиште „7 март“, во Челопек за да побара одговорност, поради организирањето на училишна приредба, за денот на албансото знаме, на која, учениците биле облечени во униформи, со амблеми на УЧК.

На приредбата учениците парадирале со пушки во рацете. Министерката Јаневска изјави дека инспекторатот ќе ја утврди одговорноста на директорот, наставниците и стручниот тим во училиштето.

Таа најави дека ќе се проверува дали приредбата била дел од наставниот план кој ја одобрил и кој дозволил злоупотреба на деца. Министерката посочи дека ако целта на приредбата, била да се шири патриотизам, тогаш, тоа требало да се направи преку симболи на државата Македонија, а не преку симболи на неформални воени групации.

Реклама

Реакцијата на министерката следуваше по големиот јавен интерес и осудување на инцидентот, кој предизвика, многу контроверзии во јавноста.