Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Гроздоберот започна, засега нема проблеми

Гроздоберот стартува порано, цените утврдени навреме. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски задоволен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гроздоберот стартува порано, цените утврдени навреме. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски задоволен од постигнатите цени од 20,8 денари за килограм Вранец и 18,3 денари за Смедеревка. Овие цени се за 2,8, односно 3,3 денари по килограм повисоки од ланските. Трипуновски вели дека цените се истакнати на терен, инспекторите го контролираат процесот за грозјето да биде платено соодветно на квалитетот.

Годинава се очекува намален род на грозјето поради проблемите со наводнувањето и климатските промени. Трипуновски уверува дека новото раководство на Водостопанство ќе ги исправи проблемите со достапноста на водата за лозарите и ќе ги санира сите уништени системи.

Лозарите задоволни откако добија историски највисока цена за грозјето. Од Националната федерација на фармери велат дека конечно системскиот пристап дал резултат и ги повикаа инспекторите да излезат на терен за да спречат евентуални манипулации со шекерните единици од страна на откупувачите. Побараа и од винарниците д аги почитуваат договорените цени. Инаку, минатата недела беа исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 953 илјади евра кон 4.100 лозари.