Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Граѓаните со голема поддршка за договорот со Обединетото Кралство, работиме на градење на темелите на промените

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ: „Граѓаните даваат голема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ:

„Граѓаните даваат голема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ над 50%, но даваат и поддршка на стратешкиот Договор на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучен со Обединетото Кралство.

Над 41% од граѓаните го поддржуваат договорот со Обединетото Кралство, кој не става на иста маса со големите земји и рамноправно одлучуваме за иднината.

Реклама

Граѓаните ја препознаваат искрената намера на договорот со Обединетото Кралство, кој ќе донесе новитети во инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието и дигиталната трансформација.

Ние нема да правиме анекси, нема да класифицираме договори, туку ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните. Затоа и СДСМ, првенствено го напаѓаше договорот, но кога видоа за што станува збор, бидејќи јасно и транспарентно се беше објавено, си ја свртија капата и не кажаа ниту збор повеќе.

Со договорот освен поддршка за економијата од Обединетото Кралство, добиваме нов Клинички во Штип, реконструкција на болниците во Тетово и Кичево, нов медицински факултет и студентски дом од 200 легла во Штип, изградба на железничката пруга на коридорот 10, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и заштита во делот на сајбер безбедноста.

Ова се дел од проектите кои Владата планира да ги направи преку стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Добиваме ниски камати поради добриот кредитен рејтинг на Обединетото Кралство, грејс период – не треба да плаќаме додека не изградиме и добиваме искуство и обука од стручни лица од Обединетото Кралство.

Продолжуваме понатаму, ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!“