Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

Герасимовски: Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за медиумот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во интервју за медиумот „Пари“, најави дека во следниот мандат Општината ќе вложи во нова механизација и човечки ресурси со цел самостојно одржување на хигиената и целосно решавање на проблемот со паркирањето, пишува во денешното соопштение од неговиот тим.

„Во следниот мандат правиме набавка на уште повеќе механизација две нови цистерни, пет метларки, а ќе го зајакнеме и тимот на хигиеничари. Ова ќе значи дека сме подготвени и самостојно да ја одржуваме хигиената и да не зависиме од никого, и јас ова неколку пати го барам,“ изјави Герасимовски.

Тој потсети дека во изминатиот мандат Општина Центар успеала да ја задржи чистотата и покрај, како што рече, „санитарната катастрофа“ која го зафати Скопје, благодарение на новата механизација, 120 хигиеничари и ефикасна организација.

Реклама

„Бевме подготвени со нова механизација, тим од 120 хигиеничари и добра организација, па Центар остана чист и покрај хаосот што го зафати градот,“ додаде тој.

Герасимовски најави и конкретни решенија за паркирањето реализација на монтажниот паркинг во Капиштец, кој не се реализирал поради блокада од Градот Скопје, како и изградба на 300 подземни паркинг-места во Дебар Маало, под новата граѓанско – административна зграда на Општината.

„Еден од клучните проекти што ќе го завршиме е монтажниот паркинг во Капиштец, а со изградбата на подземниот паркинг во Дебар Маало значително ќе се растовари сообраќајот во централното градско подрачје,“ истакна кандидатот.

Во врска со кризата во комуналната хигиена во Скопје, Герасимовски оцени дека таа е последица на партиски пресметки и недостаток на политичка одговорност, подвлекувајќи дека во Центар се работи во духот на соработкa.

„Жално е што на Скопје му се случи оваа хаварија поради партиски расправии. Во Центар покажавме дека може да се работи со соработка и почит меѓу сите советници, и така ќе продолжиме и во следните четири години,“ порача Герасимовски.