Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Екс министер на Косово осуден на затвор за доделување дополнителни 53 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Три години и осум месеци затвор за поранешниот косовски министер бидејќи „ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три години и осум месеци затвор за поранешниот косовски министер бидејќи „ги почастил“ Бехтел и Енка со дополнителни 53 милиони евра. Пал Лекај е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет бидејќи на американско-турскиот конзорциум кој го изгради автопатот „Арбен Џафери“ им исплатил повеќе од договореното.

Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на Министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци. Во своите прелиминарни изјави, сите обвинети се изјаснија за невини.Адвокатите на осудените по одлуката се изјаснија дека ќе се жалат до Апелациониот суд – пишува Коха.

„Коха“ пишува и дека пред неколку години според извештајот на фирмата која го врши надзорот,, паричната обврска во однос на конзорциумот била 14 милиони евра. Но тој извештај поранешниот министер никогаш не го презентирал јавно, а извршната власт сепак одобрила исплата на дополнителни 53 милиони евра на фирмата што го изгради автопатот.

Реклама

Ова е само еден во низата скандали за кои повеќе домашни и странски медиуми предупредуваат дека се поврзани со „Бехтел и Енка“, компанијата која ќе ги гради коридор 8 и 10д во Македонија. Потпишувањето на договорот беше пропратено со бројни скандали во однос на транспарентноста на постапката, изборот за надзор, цената.

Девет месеци по „фрлањето на лопатите“, „Бехтел и Енка“ се уште не почнале со градба. За сега во тек се гео-механички истражувања за дел од автопатите и експропријацијата. За 2023 година од буџетот беа предвидени 243 милиони евра за американско турскиот конзорциум, а оваа година ќе добијат уште 250.

Овие патишта ќе се прават по принципот „клуч на рака“, односно Бехтел и Енка ќе си изготват физибилити студија, ќе проектираат и целосно ќе го изведат проектот.