Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

ЕЕЗ: пофалби за законската регулатива, критики за производството на струја од јаглен

Ако енергетскиот сектор на Македонија се натпреваруваше во Европа, би ја поминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако енергетскиот сектор на Македонија се натпреваруваше во Европа, би ја поминал групата, но би изгубил во четврт финалето – вака со фудбалски речник, директорот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница Артур Лорковски ја опиша состојбата во земјава. Србија, Црна Гора, па дури и Украина лани биле подобри од нас. Македонија се наоѓа некаде на средина во Европа, со имплементирани 53% од европското законодавство. Постигнат бил зёначителен напредок, но имало уште многу работа. Лорковски го критикува производството на струја од јаглен, но и ги пофали направените законски измени во енергетиката.

„Цената на електричната енергија, цената на производството, на тоа ќе треба да се додаде цената на ЦО2, цената за јаглерод диоксид, која денеска е околу 80 евра. Со ова нема да ви биде исплатливо да извезувате струја во Европската унија (струја произведена од јаглен)“ – вели Лорковски од ЕЕЗ.

Пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека енергетиката ќе биде приоритет за развој на економијата во земјава. Потенцираа дека неодамнешната законска интервенција резултираше со спречување на поскапувањето на струјата. Ќе се укинат и Агенцијата за енергетика и Дирекцијата за нафтени резерви кои ќе бидат дел од новото министерство.

Реклама

„Откако е конструиран овој мандат, во сите закони коишто се усвоени, доминираат законите за енергетика, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за правење на енергетскиот сектор стратешки сектор во функционирање на нашата држава, такашто покрај создавање на ново министерство за енергетика, се усвои и нов закон за кој треба да ги поздравам сите пратеници за кој се успеа да се спречи ценовен шок на електричната енергија“ – вели Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ..

Лорковски имаше пофални зборови за работата на Регулаторната комисија за енергетика и нејзиниот претседател Бислимовски. Извештајот на Енергетската заедница се однесува на 2023-та година. Критиките и пофалбите ги слушнаа и поранешниот премиер, а сегашен пратеник Димитар Ковачевски и неговите сопартијци, но не излегоа на говорница да ги продискутираат.