Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Живот

Едно колаче – една остварена детска желба, Нова кампања на „Винчини“ и СОС Детско село

Макпрогрес како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, повеќе години ја гради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Макпрогрес како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е континуирана поддршка на работата на СОС Детско Село.

Во пресрет на празниците Макпрогрес започнува Новогодишна хуманитарна кампања со лимитирана едиција од најновиот празничен производ “LOVELY NIGHT” , чоколадни бисквит колачиња со шеќерна декорација.

Во кутијата има подарок уметничка хуманитарна честитка од СОС Детско село – како симболика за остварување на желбите на дечињата без родителска грижа.

Реклама

“Како општествено одговорна компанија постојано се приспособуваме на променливата социјална и економска состојба и затоа традиционално веќе трета година креираме кампањи за да ја поддржиме работата на СОС Детско село со цел осттваурање на мисијата “Топол дом и грижа за секое дете”; кампањи кои не соединуваат нас како производител но и потрошувачите кои со купување на  нашите производи ја поддржуваат ранливата група на деца без родителска грижа – изјавија од Макпрогрес.

“Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања, да купат од новите вкусни колачиња нa Винчини, да напишат честитка на своите блиски и воедно да посакаат по една убава желба за децата без родители – за секое дете да може да свети силно на небото како блескава звезда” – повикаа од СОС Детско село.

 Новогодишнитe колачиња “LOVELY NIGHT” на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни за сите купувачи да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на  радост и гордост  и лична сатисфакција што помагаат на тие што најмногу им треба.