Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Бизнис

Дизелот поскапува за 14,5 денари, а бензините 5 денари – нови цени на горивата од полноќ

Последиците од војната на Блискиот Исток стигнаа во Македонија. Дизелот поскапува за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последиците од војната на Блискиот Исток стигнаа во Македонија. Дизелот поскапува за 14,5 денари по литар, а  бензините ќе се продаваат за 5 денари повеќе – одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на дизелот изнесува 85,5 денари, на 98-цата 81,50 денари, а на 95-ката 79,50 денари за литар. Екстралесното маслко за домаќинства поскапува за 12 и пол денари и од полноќ ќе се продава за 82,50 денари за литар. Се зголемува и цената на мазутот за 7 денари и сега ќе изнесува 42,586 ден/кг. Во обрзложението на Регулаторната комисија за енергетика стои дека нафтените деривати на светските берзи се зголемиле за 14% споредено со одлуката минатиот понеделник, кога бензините поскапеа за 1 денари. На берзите најмногу поскапел дизелот за над 36%, бензините се зголемиле за 13%, додека курсот на денарот во однос на доларот бил повисок за 0,94%.

Премиерот викендов рече дека ако нафтените деривати драстично поскапат, ќе следува законско намалување на акцизите и ДДВ з аколку толку да се стабилизираат цените. Евентуални одлуки во врска со цените на дериватите се очекуваат утре на владина седница. Мицкоски дополнителчно рече дека нафтените резерви се стабилни и дека се доволни за 62 дена.

Цени на нафтени деривати од 10.03.2026

Реклама

ЕУРОСУПЕР 98              81,50 (ден/литар)

ЕУРОСУПЕР 95              79,50 (ден/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС              85,50 (ден/литар)

Екстра лесно (ЕЛ-1)        82,50 (ден/литар)

Мазут                               42,586 (ден/кг)

Економијата од друга страна подготвена за евентуален ценовен шок. Трошоците за живот продолжиле да се намалуваат во февруари. Државната статистика пресмета инфлација од 2,9%. Тоа значи дека трошоците за живот се намалени за 0,2% споредено со јануари годинава. За 0,8% биле намалени трошоците за транспорт, здравствена заштита за 0.6 %, покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.5 %, а пад има и кај секторот информации и комуникации, а поевтино било и во рестораните и сместувачките капацитети.

Февруари годинава спореден со истиот месец лани, бележи пад на трошоците за транспорт од 4,4%, додека пораст има кај храната и пијалоците за 3,9%, покуќнина и опрема за домаќинствата за 4,6%, а делот за рекреација, спорт и култура поскапел за 5,4%.

Цените на мало, пак, во февруари се зголемени за 1,6% споредено со истиот месец лани. Сепак, во однос на јануари годинава, за само еден месец се намалени за 0,3%. Притоа поевтинување има кај услугите за 1,2%, како и кај прехранбено-индустриските производи за минимални 0,1%. За еден месец покачување има кај земјоделските производи за 0,7, односно пијалоците за 0,5%.

Премиерот Мицкоски претходно рече дека очекува инфлацијата да продолжи да се намалува во февруари. Сепак, предупреди дека веќе овој месец, притисоците врз цените ќе се зголемат, главно поради тензиите на Блискиот Исток. Конфликтот кој ги вклучува едни од најголемите производители и извозници на нафта во светот, удри силно врз цените на горивата и гасот на светските берзи изминатата недела. Поскапувањето на енергенсите пак, вообичаено повлекува зголемување на цената на превозот, а со тоа и на производите.