Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Лефков најавува кривична пријава против Јон Фрчкоски: Го повикувам ОЈО ГОКК да реагира

Денес по електронски пат ќе поднесам кривична пријава до ОЈО ГОГ против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес по електронски пат ќе поднесам кривична пријава до ОЈО ГОГ против Јон Фрчковски и н.н лица, а истата ке ја доставам и до архивата. Барам надлежните институции да утврдат што на навистина стои зад јавно објавените фотографии и твојата изјава „Си пробал? Те сликале“.

Со пријавата, барам да се испита евентуалното постоење на дејствија опфатени со членовите 215 и 216 од Кривичниот законик, како и дали постојат основи за примена на членот 364, непријавување кривично дело од тебе или од твои блиски. А за твоите клевети Јон. Категорично. Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици. Никогаш не сум користел наркотични средства и тоа е факт. А мојот најважен тест се моето семејство и моите пријатели. Ако мислиш дека сум направил кривично дело, повели, пријави ме.

Јон, има суштинска разлика помеѓу мене и тебе. Јас за моите зборови и постапки стојам јавно и одговорно. И токму тоа очигледно ви пречи. Ти и оние малкумина кои застанавте околу Филипче се искршивте плукајќи и клеветејќи, мислејќи дека така ќе се вратите на власт и ќе продолжите да користите наркотици по канцеларии. Тоа нема да ви го дозволи народот Јон, не јас. А ти, од друга страна, со своите постапки самиот се компромитираш. И наместо да дадеш одговори, продолжуваш со истото. Си пробал? Те сликале. Тоа не се мои зборови. Тоа се твои зборови. Затоа, Јон, да знаеш, вистинскиот предизвик се институциите.

Реклама

И да бидам јасен, за крај, со оваа Влада нема играчки. Ако институциите утврдат дека има кривично дело и одговорни лица, ќе има одговорност пред закон. А по твоите настапи, виде, Јон, гледам дека дилерите се ретчат.Јон  доаѓа тешко време за оние што живеат со и од пороците. Од денес, за мене ова не е фејсбук тема. Од денес, ова е тема за институциите.