Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Голема полициска акција, разбиен е синџир на нелегална трговија со лекови, медикаменти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема полициска акција, разбиен е синџир на нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи.  МВР тресе на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Гевгелија: Неофицијално приведени се шестмина, а дел од криминалната група бил и вработен во царинската управа. Се трага и по други луѓе за кои постојат сомневања дека биле дел од шемата. Од МВР без да соопштуваат детали, само информираа дека акцијата е во тек.

„На 21.09.2026 година, во утринските часови, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција , од страна на Министерството за внатрешни работи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, започнато е спроведување на полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела.“- велат од МВР.

И Обвинителствот излезе со речиси идентична информација.

Реклама

„Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации“.– велат од ОЈО.

Според досегашните информации, Во Скопје и Тетово бил пронајден магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.Осомничените се товарат и за други кривични дела, меѓу кои криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари и други приноси од казниво дело.

Инаку ова не е прв случај во Македонија каде се запленети медицински препарати. Во јуни годинава беа одземени 199 вијали во вредност од околу 10.000 евра. Царинарниците ги откриле во поштенска пратка со натпис „козметички примероци“, а ниеден од препаратите не бил наведен на фактурата. Беше поднесена кривична пријава против доктор и медицинска сестра вработени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза.“

Претходно, во април годинава-  хирурзи, дерматолози како и сопственици на дерматолошки ординации беа фатени од полицијата како нелегално ги набавувале па ги продавале на црно ботокси и филери од Србија, Кореја и од Турција. Во полициската акција беа приведени шест луѓе, четворица добија куќен притвор, а деветмина поминаа со мерки на претпазливост.