Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк оствари официјална средба со заменик-државниот секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау.

На средбата од американската страна присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик помошник-државен секретар за Европа во чиј непосреден ресор спаѓаат и балканските држави. 

Официјалните средби со високата делегација на Стејт Департментот доаѓаат по средбата на премиерот Мицкоски со државниот секретар Марко Рубио вчера во Њујорк.

Реклама

„Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави. Во време на сериозни геополитички предизвици и промени во меѓународните односи, за нас е од исклучително значење да има силни, стабилни и принципиелни односи со своите стратешки партнери. Соединетите Американски Држави се наш долгогодишен стратешки партнер и сојузник, а директната комуникација на високо политичко ниво е важен дел од натамошното зајакнување на тие односи“, вели премиерот Мицкоски во објавата на неговиот Фејсбук профил. 

Согласно објавата, особено е значајно што Владата има директен и отворен дијалог со американската администрација, и реализира средби на кои може јасно да бидат претставени македонските интереси и тие да бидат слушнати „таму каде што се разговара за важни регионални и глобални прашања”.

„Разговаравме за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, за економскиот развој и инвестициите, безбедноста и стабилноста на регионот, како и за улогата на земјава како сојузник во НАТО и партнер кој придонесува за регионалната стабилност. Македонија денес настапува со јасно дефинирани државни интереси и со определба тие интереси достоинствено и аргументирано да ги застапува пред своите партнери. Градиме односи засновани на меѓусебна почит, доверба и конкретна соработка која треба да носи резултати за граѓаните и за државата“, додава премиерот Мицкоски.

Тој истакнува дека „нашата политика е политика на достоинство, принципи и заштита на државните интереси“.

„Пријателствата не се градат со зборови, туку со доверба. Партнерствата не се мерат со протокол, туку со дела. А почитта кон една држава се гради со јасни позиции, достоинство и кредибилитет. Токму таква држава градиме. Исправена, со јасен став и сигурна иднина, истакнува премиерот Христијан Мицкоски од Њујорк.