Реклама

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, но тоа е двонасочна улица во која бараме решенија со предвидлив крај

Мицкоски од Вашингтон: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

Артан Груби и Перпарим Бајрами заедно во судница – судење за „Државна лотарија“

Едносменската настава носи повеќе време за детство

Македонија е специјален случај: Испорача и повеќе од потребното за патот кон ЕУ, ама повторно само блокади

Прилози

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Македонија за САД е врвен приоритет во регионот. Владината делегација предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија за САД е врвен приоритет во регионот. Владината делегација предводена од премиерот разговарала за бројни капитални проекти кои ќе бидат од историско значење за државата. Премиерот Микоски ја потенцираше поддршката од администрацијата на Трамп во интервјуто за МИА од Вашингтон. Тој вели дека САД гледаат во Македонија исклучително близок пријател во регионот и во Европа и нивната поддршка останува непроменета. Тој смета дека стратешкото партнерство на двете држави дополнително ќе се продлабочува. Особено ги истакнува средбите со ДФЦ, финансиска корпорација која во Македонија е присутна со грант за развој на проектот за антимон во почетна фаза во Крстов Дол. На маса биле ставени бројни проекти за финансирање, меѓу кои и оние за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Разговаравме за можно финансирање на Чебрен и Галиште, разговаравме и за друг тип инфраструктурни и енергетски, податочни инвестиции што би ги правела Владата, а исто така и за приватни инвестиции кои што би дошле од Америка во Македонија.  Велам дека врз основа на оној разговор што го имав во ДФЦ со Каролајн Вик, интересот е огромен. Наша цел како Влада е да обезбедиме финансирање на проектот Чебрен и Галиште. Од нивна страна има интерес, истиот проект беше презентиран, задолживме канал за комуникација меѓу Владата и ДФЦ, и тоа е добро. Кога станува збор за стратешката и критичната инфраструктура, тука се гасоводите кои што ги градиме, тука се автопатите, Коридорот 8 и Коридорот 10-д и пругата која што ќе биде модернизирана, а е дел од Коридорот 10 и пругата која што ја градиме, а е дел од Коридорот 8“ – вели премиерот Мицкоски.

Во фокус на разговорите во САД биле и дата центрите. Мицкоски вели дека освен со канаѓанецот со македонско потекло, Крис Павловски и неговата компанија „Рамбл“, Владата разговарала за финансирање на податочни центри со уште 5 други фирми. Вели дека целта е да се градат вакви центри со високи стандарди со воздушно и фреонско ладење. За премиерот процесот на вложување во дата центри и вештачка интелигенција е неповратен, економијата се менува, а сите оние кои се против напредокот, не и мислат добро на својата држава.

Реклама

„ Прашањето е како да го канализираме овој процес и да извлечеме максимум од него. Го спомнавте Крис Павловски и Рамбл – тие сега направија аквизиција, купија компанија во Германија и сега се компанија од околу пет милијарди долари. Да, разговараме со него. Меѓу другото имаме уште пет други компании со кои што разговараме. Сите кои не се разбираат во високата технологија зборуваат за бучава, за водено ладење. Ние сега имаме и воздушно ладење, и фреонско ладење, така што жалам што се уште кај нас постојат и такви политички сили и елементи кои што се обидуваат да не вратат повторно во некои времиња на 19, почеток на 20 век, мислејќи дека на тој начин по пат на емоција ќе привлечат внимание, но мислам дека се политички губитници и ќе бидат поразени бидејќи македонските граѓани сакаат да ја видат државата како оди напред“– вели премиерот Мицкоски.

САД преку Македонија сакаат да станат сериозен снабдувач на регионот и Европа со ЛНГ втечнет гас. Мицкоски објаснува дека со завршувањето на гасниот интерконектор со Грција и неговото продолжување до Србија, Македонија ќе стане сериозен играч на енергетска сцена. Земјава би требало да има 12 пати зголемен капацитет за инвестиции, за гасни централи кои што би произведувале струја, која што потоа ќе се користи во некои податочни дата центри, а потоа од нив би црпеле можности за вештачка интелигенција. Гасоводот кој од Грција, преку Македонија би завршил во Централна Европа, треба да стане сериозна конкуренција на Јужен Поток. Премиерот најавува дека кога овие енергетски проекти ќе бидат готови, конкрајот на 2028 година, геостратешката положба на земјата ќе биде сосема поинаква, а Македонија ќе заработува од транзит на гас.