Скопјанец на 46 години е приведен откако кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека тој е приведен вчера попладне од страна на Интервентната полиција.
– На 06.11.2026 околу 15:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.М.(46) од Скопје, бидејќи при преглед кај него пронајден е хероин – информира МВР на Фејсбук.
Известен е јавен обвинител по чии насоки С.М. е задржан во Полициска станица за понатамошна постапка.

