Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Герасимовски никаде го нема, па стаорците и глувците во Центар уште играат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Герасимовски никаде го нема, па стаорците и глувците во Центар уште играат оро. Иако во петокот градоначалникот најави дека итно ќе се врши вонредна дератизација на регионот околу трговскиот центар Буњаковец, веќе трет ден нема никаков сигнал дека таа е спроведена или дека ќе се спроведува.

Граѓаните се гневни и велат дека глувци и стаорци уште има насекаде, додека нема ништо од најавениот третман на шахтите и просторот околу контејнерите. Градоначалникот Герасимовски никаде го нема да одговори дали акцијата што им ја вети на центраци е целосно спроведена или барем на кои локации биле третирани шахтите и критичните точки.

Граѓаните, пак, сведочат дека не виделе екипи на терен да ги третираат критичните точки во близина на училиштето „Песталоци“ и паркингот кај Буњаковец. Апелираат до надлежните редовно и почесто да се спроведува дератизацијата, но и да не се остава подолго време отпадот во контејнерите.

Реклама

Не, од сабајле нема ништо, кај мене во зградата нема. Не, не видов.

Па, треба и дератизација и дезинсекција, затоа што има и тоа и тоа, но јас немам видено лично… Сигурно треба и да се чисти и да се дератизира и да се прска.

Почесто, затоа што постојано има ѓубре надвор, никој не се грижи за ѓубрето, а тие бараат храна во ѓубрето.

Што направиле, немам појма. Обавезно, поготово помеѓу школи, градинки, тоа е ненормална работа. Како дозволуваат такви ѓубришта да се собираат…

Дел од нив сметаат дека појавата на глодари е поврзана и со старите и напуштени куќи во овој дел од Центар, особено оние во близина на училиштето. Велат дека стаорци и глувци забележуваат и во подрумите и околу објектите, а посочуваат и места каде со години нема соодветно одржување.

Глувци, стаорци, причина можеби се старите куќи, многу се одамна.

Да, тука кај ова што е за дрво нешто, што работи една шупа, тука сум видела.

Треба, како не треба, врие тоа, многу има. По подрумите најмногу ги има и тоа умрени, пцовисани.

Ај, прошетајте кај бугарска амбасада, таму има една напуштена куќа. Напуштена и има и тоа големи парчиња….

Проблем со глувци и стаорци нема само во Центарот на градот, туку и во Аеродром и во близина на Железничката станица.

На социјалните мрежи врие – се коментира дека проблемот не може да се решава само кога стаорците ќе излезат на улица. Дел од нив реагираат дека е срамно во 21 век луѓето да се плашат да одат пеш по улиците, а дел предупредуваат дека глодарите не се само непријатна глетка, туку можат да бидат и здравствен ризик.

„Тоа што има наезда на стаорци во Центар, Буњаковец, кај Железничка станица не е ништо ново, туку е проблем игнориран со години…“

„Срамно во 21 век да имаме наезда на стаорци, просто ми е страв пешки да одам.“

„Глодарите носат болести кои може да прераснат во епидемии.“

Ова не е прв пат да се алармира за појава на глодари низ скопските општини. Лани десетгодишно дете беше каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца.