Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва на една од националните телевизии откри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва на една од националните телевизии откри дека суплементи за потенција се во центарот на акцијата која започна изутрината против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи. Најмалку 6 лица се приведени во акцијата, а  се вршеле претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија на десетина локации.

-Во прашање не се лекови, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверцот и нелегалната трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи нескани последици – изјави Клековски.

Министерот нагласи дека не станува збор за суплементи кои може да предизвикаат само финанскиски последици, туку и здравствени, бидејќи станува збор за нелегални суплементи.

Реклама

-Во основа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот“ – додаде Клековски.

Најмалку шест лица се приведени во големата акција која започна изутрината против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи, објави претходно Телма.

Претходно од МВР потврдија дека полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и извршување на коруптивни кривични дела, се спроведува денеска од утринските часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР.

Дел од медиумите објавија дека акцијата се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.