Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Почна жетвата на ориз во Кочанско. Првите комбајни влегоа во нивите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна жетвата на ориз во Кочанско. Првите комбајни влегоа во нивите во Зрновци. Но, новата жетва не донесе олеснување за оризопроизводителите. Стравуваат дека намалените приноси поради плевелот, нерентабилната цена и нерешениот откуп и овој пат ќе им го изедат трудот. Поради неефикасните препарати за заштита од плевели, просото доминира на оризовите површини, поради што очекуваат приноси од едвај 300 до 350 килограми по декар.

„Околу 40% се под површините под плевел, бидејќи тоа е резултат, како што кажавме, на онаа касна сеидба, касно пуштање на водата, касно третирање, препарати неефикасни. И тоа е резултат на она што сега го имаме на теренот, дека плевелот, просото, кое е најдоминантно во оризовата површина, и ние сега се бориме со него. Но, годинава доминира веќе на оризот“, изјави оризопроизводителот Тони Максимов.

Неефикасните препарати се причина зошто оризопроизводителите бараат државата конечно да им дозволи на регистрираните земјоделци сами да си ги увезуваат заштитните средства. Дополнително, бараат итно изготвување на посебен правилник со кој ќе се регулира откупот и продажбата на белиот ориз, како и дефинирање на нова производна цена, бидејќи сегашната не може да ги покрие основните трошоци за сеидба.

Реклама

„Нашите барања беа следните, 4.800 денари за реколта 2025 да ни се исплатат во најкраток можен рок, како и изготвување на нова производна цена додека жетвата нема започнато, но, за жал, уште не е направено тоа“, вели оризопроизводителот Здравко Арсов.

Годинава под ориз во Кочанско се посеани околу 4.000 хектари. Сè уште се прават анализи колку ќе изнесува овогодишната реколта, но според оризопроизводителите, првичните проценки покажуваат дека таа ќе биде значително полоша во споредба со минатите години.