Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Петрушевски: Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на неинвентивната СДСМ се демантираат

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Траги“ на Алсат М…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Траги“ на Алсат М  се осврна  на поднесените измени за Законот за пратеници со којшто се забранува пратеник да има двојно државјанство. Тој истакна дека опозициската СДСМ е целосно неинвентивна и без никаков кредибилитет и како што кажа, постојано измислувала лаги за владејачката партија, а една од таквите теми била и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале бугарски пасоши, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Подолг временски период, ние во принцип имаме една опозиција во СДСМ којашто е тотално неинвентивна, без никаков кредибилитет, со никакви идеи и предлози со кои би се легитимирале пред гласачкото тело. Што прават тие? Тие измислуваат одредени, условно кажано афери коишто потоа низ медиумите ги шират, држат секој ден прес-конференции. Говореа дека требало да има и мигранти коишто не биле прифатени во Британија па ќе биле депортирани во Македонија, па требаше во пролетта да има избори итн. Ги наведувам сите оние лаги коишто времето ги демантираше, а нормално и ние како претставници на власта. Една од таквите теми коишто избра СДСМ да ја замајува јавноста беше и дека ВМРО-ДПМНЕ, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сите имале бугарски пасоши и затоа не им било важно, условно кажано членството во ЕУ и ги блокирале уставните измени. Држеа прес-конференции, банални, смешни и секој кој барем малку не познава знае дека е апсолутна невистина“, изјави Петрушевски.

Петрушевски посочи дека „за да го демантираме сето тоа пред целокупната јавност ние поднесовме измени на закон на пратеници со којшто се забранува пратеник да има двојно државјанство. Таков принцип на функционирање има веќе во некои законски решенија. Сме имале ваква пракса и порано во којашто мора да имаш само исклучиво македонско државјанство за да стапиш на одредена функција. Истото го предложивме се со цел да ги демантираме лагите и невистините коишто ги лиферуваа од страна на СДСМ“.