Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата

Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува камен-темелникот да се стави следната година.

Андоновски на една од националните телевизии демантираше дека е дадена дозвола и дека е потпишан договор за изградба на податочен центар од 100 мегавати кој би користел вода од реката Вардар.

Андоновски вели оти водата што би се користела за ладење во податочните центри е, всушност, техничка вода која се добива со копање во внатрешниот слој на земјата и дека тој нема информација дека се користи вода од реки и езера за потребите и функционалноста и ладењето на дата-центрите. 

Реклама

– Имаме закони коишто го уредуваат давањето дозвола за градење и во врска со животна средина и јас кажав – нема да се донесе одлука за изградба на ваков податочен центар ако сме свесни дека тој би имал штета на животната средина. Јас често го земам примерот со Словенија, во Марибор, којшто користи вода, таа се топли во процесот на ладење на податочниот центар, потоа се искористува за затоплување на пластеници или за затоплување во домаќинствата, а изладената вода повторно се враќа во податочниот центар. Не се троши, немаме потрошувачка на вода и ништо такво нема да дозволиме да се случува ниту тука, нагласува Андоновски. 

Во однос на прашањето дали македонската оператива има капацитет да го изгради дата-центарот, Андоновски оценува дека е можно, особено доколку има соодветна техничка поддршка од надвор, советување и надзор.

– Бидејќи станува збор за меѓународна постапка во зависност од финансиерите, ќе се дефинира и начинот на којшто ќе биде избран изведувачот. Дел од набавките се вршат национално, во зависност од тоа дали дозволуваат финансиерите, или меѓународно. Но, јас мислам дека кај нас, доколку се здружат квалитетни домашни компании, имаме капацитет. Ние веќе имаме 7-8 податочни центри коишто се изградени со помал габарит од овој, но не толку мал, од домашни компании. Тие имаат искуство во изведбите, така што мислам дека имаме капацитет дома за ваква инвестиција, оцени Андоновски.

За проектот за државниот дата-центар е одобрена физибилити студија и во моментот се бара финансиер. Андоновски потврди дека се разговара со шест компании и дека во Планот за раст овој проект е оценет позитивно и е евалуиран на околу 20 милиони евра, односно компонента од 30 отсто грант и 70 отсто, како што вели, меки кредити. Заемот ќе зависи од банките што соработуваат со Европската Унија во процесот на поддршка на вакви иницијативи.

 Во однос на локацијата каде би се изградил дата центарот, Андоновски потврди дека тоа ќе биде во близина на Скопје кај ТИРЗ зоните и дека се работи за државно неплодно земјиште.