Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

За незаконско поставување на скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За незаконско поставување на скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга, а беше поставено на општинската зграда, Рамиз Мерко помина со парична казна од 5.000 евра. Иако мермерната плоча, испишана само на албански јазик, пет месеци беше поставена на влезот од општината, контроверзниот струшки градоначалник денес пред судот тврдеше дека воопшто не бил поврзан со поставувањето на истата. Иако за да оди на работа секојдневно минувал низ влезот, нејасно е како не ја видел и како може некој на туѓ имот да поставува споменици. Мерко сведочеше дека за обележјето дознал дури кога дошле државните инспектори од Министерството за култура.

„Воопшто немав врска со поставувањето на некаква плоча на општинската зграда. За ова пред мене се изјаснаа од Здружението на албански пензионери, тие ја поставиле на Денот на албанската азбука. Тоа е свечен ден за идентитетот на Албанците не само во Македонија, туку секаде каде што постојат. Навреда е ако некој се меша во таква ситуација“, изјави Рамиз Мерко.

Плочата е поставена на зградата на општината, која ја претставува обвинетиот како тогашен градоначалник, истакна пред предметниот судија при изрекување на пресудата.

Реклама

„Ниту во рамките на прекршочната постапка не било спорно, односно со самото тоа што тој дал налог за плаќање на тоа, признал дека не е испочитувана процедурата за поставување на плочата, а во доказите во оваа постапка, пред сè, судот се раководеше од мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Повторно е утврдено дека вознемирувањето продолжено го сторил обвинетиот како градоначалник на Општината“, рече судијата Јордан Јованов.

Инаку, за незаконското поставување директори во пет училишта, Мерко помина со парична казна од 12.500 евра.

Тој куртули од затвор, струшкиот Основен суд го ослободи од вина и за набавката на луксузните автомобили во вредност од околу 114.000 евра.

После една година, Мерко денес седна на обвинителна клупа и за осветлувањето кое го постави на речното корито на реката Дрим. Тој е и еден од обвинетите за бесправно градење на објект во еден струшки хотел. Мерко е еден и од петмината против кои МВР поднесе кривична пријава за рушење на спомен-куќата на Владо Малевски. Кој ќе седне на обвинителна клупа, засега е неизвесно. Од ОЈО без детали, само потврдуваат дека е оформен предмет за автентичниот објект од 19 век, кој беше срамно срушен.