Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Прилози

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања околу минималната кошничка и животниот стандард.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања околу минималната кошничка и животниот стандард. Откако Сојузот на синдикати пресмета дека на едно четиричлено семејство во септември му требаат најмалку 69.432 денари , што е за 757 денари повеќе отколку во август, претседателот на СДСМ пак ја искористи приликата да побара зголемен минималец, додека од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека пресметката им е далеку од точна. Од партијата велат дека додека ССМ и СДСМ тврдат дека трошоците на населението растат, владината просечна кошничка е за 10% поевтина од онаа за која синдикатот тврди дека е минимална.

„Каде е Венко Филипче да се јави кога трошоците за живот се намалуваат или во најмала рака остануваат исти, ама штом види раст, ете го, веднаш се јавува. Исто така го нема да се јави и да каже дека Владата добро се справува и ги менаџира работите кога се намалуваат цените и инфлацијата, која сега достигна историски 2,3%, кога во услови на една од најголемите енергетски кризи, Македонија е со најевтини горива. А во однос на потрошувачката кошница која ја изработиле Трендафилов и ССМ, му порачуваме дека не им држи вода, затоа што владината просечна кошничка е за 10% поевтина“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ, Филипче обвинува дека народот осиромашувал и дека кошничката во Македонија достигнала 90 илјади денари со плаќање ќирија. Ваквата, според него, финансиска криза само ќе се продлабочувала. Тој побара власта да го прифати предлогот за минимална плата од 600 евра и субвенционирани придонеси за работодавачите.

Реклама

Според пресметките на ССМ, најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, над 25 илјади денари или една третина од семејниот буџет. Трошоците за образование се  речиси 7.200 денари. За обнова на облеката и обувките се трошат 6.800 денари. Трошоците за ќирија и комуналии достигнуваат 6.379 денари.

Во јавноста имаше бројни дебати дали синдикалната минимална кошница ги отсликува реалните најниски трошоци за едно четиричлено семејство. Владата тврди дека таа не е воопшто минимална, туку просечна и не ги вклучува правилно сите компоненти од животните трошоци на населението. Економско – социјалниот совет усвои просечна потрошувачка кошничка и таа не е пандан на онаа што ја пресметува синдикатот. Целта е податоците од неа да се искористат за водење исправни економски политики, носење закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци.