Реклама

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

Македонија

Димитриевски: Куманово заслужува да се развива, не заслужува импровизации

Кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција ги повика кумановци на 2 ноември масовно да излезат и да гласаат за бројот 2. Тој кажа дека изминатиов период реализирал 800-тини проекти и најави реализација на двојно повеќе.

– Пред самиот завршеток на кампањата за избор на следниот градоначалник на општина Куманово ви се обраќам од овде, од малиот градски плоштад, на оваа прекрасно место во градот да излезете во недела направете го вистинскиот избор, бидејќи Куманово продолжува да се развива и да се гради. Куманово заслужува континуитет, Куманово не заслужува импровизација, рече Димитриевски.

Тој кажа дека граѓаните од различните делови од градот се сложуваат дека постојано се работи.

Реклама

– Одам во текот на кампањата, во селата ми велат работиш само во градот, одам во градот ми велат работиш само во селата. Одам кај моите Албанци, ми велат работиш кај Македонците, одам кај моите Македонци, Срби велат работиш само кај Албанците, но едно е јасно сите велат дека работам, рече Димитриевски.

Тој најави дека ќе продолжи да работи, да се развива градот, укажувајќи дека проблеми секогаш има, но дека негова работа е да бидат во што е можно помал број.

– Го сакам нашиот град, ве повикувам излезете во недела масовно, дајте ја вашата поддршка за бројот 2, за мене за вашиот градоначалник, Максим Димитриевски бидејќи Куманово знае, но и Македонија знае, рече Димитриевски.