Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Д-р Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

Ние заклучивме дека за поголемиот број пријавени случаи има неправилно упатени и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние заклучивме дека за поголемиот број пријавени случаи има неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ќе продолжи да псотапува според утврдената медеодлогија, изјави членот на Комисијата д-р Ненси Лозанче на денешната прес-конференција, одоговорајќи на прашање што точно констатирале, кои се следните чекори и дали некои случаи ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

– Како што беше изјавено и од министерот и од претседавачот на комисијата, од досегашните пријавени случаи, ние заклучивме дека за поголемиот број од нив имаме неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти. Сега засега тие се заклучоците на поголемиот дел од пријавените случаи, а понатаму комисијата ќе си продолжи со утврдената методологија и за подетални информации ќе имате веројатно и конечен извештај, одговори Лозанче.

Министерот Алиу, пак, рече дека ова не е конечен туку прелиминарен извештај и оти доплнително ќе бара мислење и од странските експерти.

  • Како што комисијата и докторите веќе изјавија, ова е прелиминарен, значи не е конечен извештај. Втората фаза е заедничка работна средба со тројца експерти надвор од нашата држава, којашто притоа, по завршувањето на анализите од страна на нашата стручна комисија и надворешната стручна комисија, исто така, ќе имаме прес-конференција со конечен извештај и ќе видиме дали ќе се утврдат истите 10 случаи и од таа страна на таа комисија, на крај како што рековме, тој извештај кај нас ќе биде патоказ за дефинирање на политики во овој дел од здравствениот систем во државата, одговори Алиу.