Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Брзата и квалитетна изградба на автопатот Кичево-Охрид е од витално значење

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е од витално значење не само за Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е од витално значење не само за Македонија туку и за целиот регион, интензивирањето на градежните работи на делницата од 57 километри ќе значи препородување на државата и на неколку индустриски гранки,цени претседателот на Стопанската комора, Азески.Сите вели тој, треба да бидеме сконцентрирани и да помогнеме час поскоро да финишираат работите и конечно автопатот да биде ставен во функција.

 “Тоа знате што значи? Тоа значи практично на кичевчани езерото да им го донесеш во дворот.Тоа значи дека целокупниот развој на извозот ќе биде убрзан и побрзо ќе добиваме пари ,тоа значи дека ќе имаме подобри суровини,побрзо ќе стигнат до нас и тн” –вели Бранко Азески,Претседател на Стопанска комора на Македонија

 Автопатотпочна да се гради во фебруари 2014-та година а до сега се пробиваа сите зададени рокови. Новата владеачка гарнитура, автопатот го наследила во очајна состојба. Се прават напори за санирање на свлечиштата.

Реклама

 “Некој 7 години камен на камен не стави и сето тоа кое што таму требало да се стабилизира не се стабилизирало и нормално е  ако една работа вие не ја одржувате, не ја стабилизирате тогаш нормално е таа да продолжи да се распаѓа односно да пропаѓа.И сега ние се доведовме до ситуација да решаваме 16 свлечишта на потегот од Кичево до Охрид од кои што 10 се полесна природа а посебно онаа кај местото Ботун се со потешка природа и најверојано ќе треба со конструктивни шипови да се укрутува земјата  за да нема понатаму свлекување или недај Боже да тоа некого го чини и човечки животи.”-вели премиерот Христијан Мицкоски

Министерот за транспорт и врски Николоски пред една недела кога изврши увид на градежните работи кажа дека ги ангажирал сите домашни и странски експерти,решенија се изнајдени, но тоа не оди преку ноќ.

“Се прави огромна историска работа и за Охрид и за Струга и за целокупниот регион,секако тука е поврзувањето и со Албанија, тука е и аеродромот  а секако и поврзувањето со главниот град”-вели Александар Николоски,министер за транспорт и врски

Aвтопатот Охрид-Кичево треба да биде готов до крајот на 2026-та.Поголемиот дел од делницата од Охрид до Пресека ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летото.

Росица Голабоска