Прекинато водоснабдување денеска од 13 часот ќе имаат корисниците од село Инџиково во општина Гази Баба.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека причина за прекинот во снабдувањето со вода е дефект на ул.„10“ бб во Инџиково.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
