Реклама
Македонија

Анализа: Демократизација или султанизација на СДСМ?

Распад или нов почеток. Ова е клучната дилема за иднината на социјалдемократите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Распад или нов почеток. Ова е клучната дилема за иднината на социјалдемократите откако останаа без раководство, односно само со лидер кој реши да не поднесе оставка. Венко Филипче, кој дојде на чело на партијата по изборниот пораз на парламентарните избори, по последната катастрофа на локалните, побара целото раководство да се повлече, но не и тој самиот. Ваквиот потег според  

Одлуката Филипче да остане, а сите други да си заминат, наиде на сериозни реакции. Особено меѓу поранешните членови на СДСМ, кои со години биле дел од партијата изјави Jован Деспотовски, поранешен член на СДСМ.

Софија Куновска, поранешна пратеничка и истакната членка на СДСМ, денес важи за еден од најгласните критичари на актуелното раководство.

Реклама

Телоп Софија Куновска

„Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите ја водеше сам, во консултација со Муртино? Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања ги обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите и без координација со други тела во СДСМ? Ова се прашања што не добија одговор, а кои доведоа до ваков распад.“

Костадин Костадинов, поранешен пратеник и актуелен градоначалник на Струмица, кој неодамна го замрзна членството во партијата не задоволен од кадровски политики, исто така реагираше на оставките:

„Ги поздравувам оставките на партиското раководство на СДСМ. Потребна е одговорност. Оставките се чин на одговорност. Очекувам дека партијата ќе продолжи по овој пат и дека ќе го врати сјајот што го заслужува., вели Костадин Костадинов.

А додека СДСМ најавува „нова енергија“ и кадровско освежување, прашањето останува — дали сето тоа е само нова фасада?

Јавните обиди да се прикаже дека партијата реновира — добија лавина од реакции. Според некои извори, иако раководството и Извршниот одбор поднеле оставки по барање на лидерот Венко Филипче, тоа не значи дека е направен суштински пресврт.Првиот сигнал за потреси во врвот на СДСМ дојде со оставката на потпретседателката Ана Чупевска, уште пред завршување на вториот круг од локалните избори. Таа најави дека причините ќе ги образложи пред Централниот одбор.

Потоа, оставка поднесе и Костадин Ацевски – кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација во таа општина, кој посочи дека СДСМ е „преголема идеја за да остане непрепознатлива“.

На крај, од функцијата се повлече и Ѓорѓи Галетановски, уште еден дел од поширокиот раководен круг на СДСМ.

Оставките доаѓаат по најлошиот изборен резултат во историјата на партијата — паднато членство, слаб теренски капацитет и изгубени позиции на локално ниво, вклучително и во некогашни силни упоришта.

Критичарите предупредуваат дека освежувањето ќе остане само декларација ако не дојде со нови идеи, принципи и вистинска одговорност. Тоа значи: нови имиња — да, ама и нов пристап — потребен.

Дека во СДСМ врие, се гледа и последниве месеци со се поголемите расколи, формирање на лоби групи и фракции внатре на Бихаќка. Последна јавна кавга беше меѓу идиологот на СДСМ Фрчковски кој го брани Филипче од критики, и Пендаровски пораншениот птретседател на државата за кого имаше обвинувања дека мешетарел внатре во СДСМ.