Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Аналитичари: кредитот од Унгарија да се искористи во проекти за раст на економијата

Кредит земен под поповолни услови од оние што Владата би можела да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кредит земен под поповолни услови од оние што Владата би можела да ги испреговара со меѓународните финансиски институции – ова е реакцијата на дел од аналитичарите по официјалната потврда на премиерот Мицкоски дека земјава ќе земе 500 милиони евра кредит од Унгарија преку т.н. воспоставување на специјална економска соработка. Каматата изнесува 3,25 отсто, со три години грејс период  и отплата на 12 години.

„Не верувам дека постои простор за манипулација некаква. Претпоставувам дека овој кредит што е договорен од Унгарија е заради добрите конекции и добрите врски кои ги има владејачката партија, сега Владата со премиерот и Владата во Унгарија и затоа сметам дека е даден под доста поволни услови со 3 години грејс период и 12 години рок на отплата што е сосема во ред“ – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Парите треба да завршат на вистинското место – велат аналитичарите. Мицкоски најави дека половина од средствата ќе бидат наменети за проектот за капитални инвестиции во општините. Пекевски вели дека токму во вакви проекти кои креираат додадена вредност, ангажираат домашни компании и носат економски  развој треба да се вложат овие пари. Се друго само ќе значело билдање на долговите.

Реклама

„Најважно е овие средства што ќе се земат правилно да се искористат, да се внесат во економијата со цел тие пари да се оплодуваат. Да се направат проекти , да се инвестираат во проекти од кои ќе имаме ние некаков бенефит, а не ние повторно да се финансираат социјални пакети и парите едноставно да ги снема и ние да не видиме никаков бенефит од тие пари. Најавата е дека 250 милиони евра ќе одат за општините. Ајде да видиме во какви тоа проекти ќе се исфинансираат“ – вели Пекевски.

Алармите од Државниот завод за ревизија за јавен долг од 62%, задолжувањето под понеповолни услови на претходната влада и апелот да се внимава при управувањето со јавните финансии, го стеснуваат просторот за финансиски маневар на новата Влада. Дополнително, за само три години треба да се вратат 2,87 милијарди евра долгови, што е половина од годинешниот буџет на земјава. Министерството за финансии официјално објави јавен долг од 8,77 милијарди евра што е 58,6% од БДП на крајот на првите три месеци годинава. Споредено со 2017-та година, кога тој изнесувал 4,78 милијарди евра, јавниот долг во последниве 7 години е зголемен за огромни 4 милијарди евра.