Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Алиу: Според експертите, ќе треба максимум два месеца за извештај за кардиохируршките интервенции

Според експертите, ќе им треба максимум два месеца да изготват извештај. Ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според експертите, ќе им треба максимум два месеца да изготват извештај. Ако има потреба, и ќе се одложи, целта е извештајот да е точен и базиран на податоци, одговори денеска министерот за здравство Азир Алиу прашан за вчерашниот онлајн-состанок со странските експерти ангажирани за анализа на спорните кардиолошки и кардиохируршки интервенции, до каде е динамиката на работа и кога може да се очекува завршница.

– Во ваков случај јас сум против да има рокови. Ние со рокови може само правиме штета во процедурите и протоколите. Тоа не ни е целта. Мене не ми е целта само да добијам извештај и да излезам пред јавноста и пред вас и да кажам: „завршивме со процедурата“ – рече Алиу.

Вчерашната онлајн-средба била долга заедно со експертите од нашата држава и тројцата експерти од надвор.

Реклама

– Дефиниравме методологија, дефиниравме како ќе работи таа странска експертиза од тројцата експерти. Исто така, се согласија и внатрешните експерти за да може да комуницираат и да имаат состаноци толку колку што има потреба или ако странските експерти имаат прашања. Јас и таму, вчера, како и денеска, инсистирам да нема временска рамка бидејќи таа временска рамка ќе штети. Но, произлезе однатре од таа комуникација дека нема да им треба повеќе од два месеца. Најверојатно, максимум два месеца ќе им треба за да може да имаат краен извештај. Тој краен извештај нема да биде само документ, туку ќе биде патоказ за нас и за мене како министер, за да сменим, ако треба, протоколи за клиниките за оваа здравствена услуга или ако е потребно, ќе направиме реформи во законите. Сè ќе зависи од таа комисија, од тој краен извештај, кој ќе биде јавно достапен и на веб-страницата и на прес-конференција – додаде министерот.

Тој беше прашан доколку има злоупотреби, дали ќе се однесе извештајот во Обвинителство и дали оставката на интервентниот кардиолог Сашко Кедев, кој го обелдоени случајот со медицински неоправдани операции на срце, ќе ја обесхрабри јавноста.

– Да го чекаме крајниот извештај. Крајниот извештај ќе ни каже што понатаму. Дали треба да менуваме протоколи, дали треба да менуваме закони, дали треба да ги информираме другите институции кои се надлежни за можни злоупотреби. На тоа сега не можам да одговорам. Професорот Кедев не е дел од оваа група, интерната, на девет експерти. Тој е дел од советодавниот комитет на министерот, кој е по закон, и тој креира политики за здравството, не е воопшто вклучен во овие процедури, така што логично нема да влијае ни позитивно ни негативно бидејќи тој ни досега не бил член на оваа група – одговори министерот Алиу.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: