Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Една од точките на дневниот ред на Комисијата за правни прашања и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една од точките на дневниот ред на Комисијата за правни прашања и човекови права, која се одржува во Талин и на која учествува пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Во воведниот меморандум на оваа тема се најавува обновен фокус на подобрување на спроведувањето на пресудите донесени од Европскиот суд за човекови права, и се нагласува дека овие пресуди имаат директно влијание врз правдата, демократијата и борбата против корупцијата низ цела Европа. Во меморандумот, исто така, се подвлекува дека особено внимание ќе се посвети на реформите што можат систематски да го подобрат почитувањето на пресудите на Судот. Клучен приоритет ќе биде поттикнување на посилно ангажирање од страна на Европската Унија во поддршката на напорите за имплементација низ земјите членки.

– Во дебатата учествуваше и Рамуте Ремезаите, виш консултант во Европскиот центар за застапување на човекови права, потпретседател на Европската мрежа за имплементација на пресудите, а пратеничката Костадиновска-Стојчевска запраша ако за земји кандидати веќе има контролен механизам за да се следи имплементацијата на пресудите, каков механизам треба да се развие или би требало да се развие за земјите членки да почнат да ги имплементираат пресудите. Одговорот беше дека пресудите се важни за жртвите бидејќи тие добиваат признание за кршење на нивните права, но и дека имплементацијата на пресудите ја покажува и колективната одговорност и е еден вид на тест за земјите членки, како и дека Комитетот на министрите има на располагање механизми кои можат да се искористат со цел земјите членки да ги спроведуваат пресудите – се вели во соопштението.

Реклама

Дебатата завршила со потврдување на важноста од претворање на пресудите на Судот во значајни реформи што ги штитат човековите права, ги зајакнуваат демократските институции и ја промовираат правдата низ цела Европа.