Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Јакупоски се вклучи во акцијата „Генералка викенд” : Грижата за природата започнува со личен пример

Општина Маврово и Ростуше денеска се вклучи во акцијата „Генералка викенд” и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше денеска се вклучи во акцијата „Генералка викенд” и преку масовно учество во оваа национална активност уште еднаш ја покажа својата силна еколошка свест. 
  
Предводени од градоначалникот Онер Јакупоски, во акцијата се вклучија вработените во општинската администрација, Комуналното претпријатие, како и наставниот кадар и учениците од сите општински основни и средното општинско училиште. 


 
Акцијата беше фокусирана на темелно чистење и уредување на неколку клучни точки и тоа просторот околу спортската сала „Македонија”, популарните пешачки патеки, јавните површини и фреквентните локации во населените места. 
 
-Грижата за природата започнува со личен пример. Денешното присуство на нашите ученици и просветни работници заедно со администрацијата е најдобар доказ дека младите генерации се клучот за почиста иднина. Наша обврска е да го чуваме овој природен бисер не само денес, туку секој ден – порача меѓу другото градоначалникот Јакупоски. 


 
Оваа акција, додаде,  не е само  чистење, туку и лекција по заедништво и одговорност кон средината во која живееме.  
 
Изрази голема благодарност до сите волонтери кои се приклучија и придонесоа Маврово и Ростуше да биде поубаво место за сите, порачувајќи  „Да ја чуваме природата – таа е нашиот заеднички дом”.