Реклама
Прилози

Ден на македонската полиција: Криминалитетот најнизок последниве 20 години

Полицијата денес одлучно се справува со криминалот и корупцијата и никој повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата денес одлучно се справува со криминалот и корупцијата и никој повеќе не е над законот. Македонските полицајци одлучуваат без селективност и компромиси и придонесуваат за безбедноста на сите граѓани. Придонесуваат и за стабилноста на регионот и стојат рамо до рамо со нивните европски и светски колеги. Министерот за внатрешни работи, Тошковски им го честиташе Денот на македонската полиција на колегите и уште еднаш се заложи за бескомпромисна борба против криминалот.

Минатата година ја завршивме со намалување на криминалитетот со 6%. Сузбиени се 16 организирани криминални групи во кои дејствувале 205 лица. беа реализирани значајни постапки, вклучително и случаи од висок профил, а сузбиени се и 4 криминални групи“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Во делот на модернизацијата отворени се осум нови управни служби низ Македонија, а се воведуваат и дигитални решенија за побрзи услуги. Тошковски најави нови инфраструктурни проекти, меѓу кои новата полициска станица во Аеродром и веќе пуштениот во употреба објект во Бутел. Посебен акцент стави на безбедноста во сообраќајот и проектот „Безбеден град“, што веќе дава конкретни резултати со намалување на прекршоците и бројот на жртви.

Реклама

„По повеќе од 15 години, набавени се 120 нови современи службени возила, 04:40 оваа година започнува со работа и Средното полициско училиште, што министерот го оцени како „инвестиција во иднината на македонската полиција“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Порака за професионализам, одговорност и бескомпромисна борба против криминалот, упати и директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев. Посочи дека тие не се тука за да уживаат во привилегии туку да му служат на народот и да изградат систем во кој секој ќе биде вреднуван според заслуженото.

„Водиме одлучна, системска и бескомпромисна борба против криминалните групи во сите области. Системски дејствуваме врз нивните структури, нивните врски, нивната логистика и нивниот капитал“, изјави Александар Јанев, директор на Управа за Јавна Безбедност.

На крајот од свеченоста беа наградени најдобрите полициски службеници од повеќе сектори во МВР.