Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Мицкоски: За македонскиот идентитет нема да има отстапки ниту милиметар

Македонија нема да отстапи од својот иденитет, ликот и делото на Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија нема да отстапи од својот иденитет, ликот и делото на Гоце Делчев и црвените линии во однсоите со Бугарија – со оваа порака денеска првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски се обрати до јавноста на денот на одбележувањето на 123 годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Премиерот вели Македонија гордо треба да го слави и чествува името на големиот македонски револуцинер, титан, великан , Гоце Делчев, чие лик и дело треба да се пренесува на генерациите по нас. Мицкоски посочува дека  вредностите за кои  Делчев се заложувал за жал денеска некои земји членки на Европската Унија сеуште не ги почитуваат и ги оспоруваат. Според претседателот на Владата, разочарувачки е што во 21 век македонскиот народ се соочува со вакви предизвици. Наместо да се бориме за заедничка иднина, за подобра иднина, ние сеуште отвораме прашања од минатото, вели Мицкоски.

Јас можам како претседател на македонската влада само да кажам дека дека ние како влада ќе опстоиме на она што претставува наш корен, ќе опстоиме на линијата на македонскиот идентитет и дека тоа е црвената линија и дека тука ни милиметар нема да отстапиме. – вели Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не очекува промена во односите и атмосферата помеѓу Македонија и Бугарија. Атмосферата меѓу двете земји, според него, уште повеќе ќе се вжешти бидејќи, како што рече, кај нас сè уште постојат политички и општествени структури кои се подгтовени да коленичат пред бугарските власти и да бидат мекото ткиво на македонската надворешна политика.

Се додека има такви политички структури и општествени сили, јас не очекувам промена на односот на нашиот источен сосед. Но ние како влада сме секогаш подготвени за билатерални, мултилатерални разговори и да ги соочиме нашите аргументи и се разбира оние аргументи коишто ќе преовладаат ние сме подготвени да ги прифатиме исто како што очекуваме дека испротивната страна ќе ги прифати нашите аргументи ако превлада. – вели Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

На денешната панихида во кругот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, и одбележувањето на 123 годишнината од смртта на еден од најголемите македонски револуцонери Гоце Делчев присуствуваше највисокиот државен, политички и партиски врв, како и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, дел од амбасадорите во Македонија , но и разни субјекти од општествениот и политички живот.