Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче уште еднаш се демантирани,  средствата од ИПАРД програмата повторно се ставени на располагање на земјоделците

Лагите на СДСМ повторно паднаа во вода, средствата од ИПАРД програмата се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лагите на СДСМ повторно паднаа во вода, средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за македонските земјоделци, без никакви блокади и без никакви неправилности, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реагираше брзо, одговорно и државнички. Наместо да шири паника, како што тоа го правеше СДСМ, по случајот со злоупотреба на претходниот директор на платежната агенција, институциите веднаш презедоа конкретни чекори и побараа вонредна контрола од Европската комисија со цел целосно расчистување на состојбата.

Согласно целосната и детална контрола од страна на Европската Комисија за користење на средствата од ИПАРД програмата, утврдено е дека нема неправилности во самите постапки, што значи дека системот функционира.

Реклама

Резултатот е јасен и недвосмислен, нема никакви злоупотреби, нема неправилности и системот функционира. Ова е официјално потврдено од европските институции, што претставува силен демант на сите невистини пласирани од СДСМ.

Особено важно е да се нагласи дека средствата никогаш не биле блокирани од Брисел, спротивно на лагите што СДСМ свесно ги ширеше за да предизвика страв и недоверба кај земјоделците.

Додека СДСМ се занимава со дезинформации и дневнополитички манипулации, Владата работи транспарентно, одговорно и во интерес на граѓаните. Наместо шпекулации фокусот е ставен на мерливи резултати.

Ова е уште еден јасен доказ за деструктивниот пристап на СДСМ и нивната неспособност да понудат нешто повеќе од лаги. Граѓаните веќе ја препознаваат таа матрица и знаат кој работи, а кој манипулира.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грижата за земјоделците како и модернизација и развој на земјоделието во државата.