Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во МАНУ предавање на кинески филозоф Оујанг Канг за генеративната вештачка интелигенција

Во просториите на МАНУ, Филозофското друштво на Македонија денеска организира предавање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на МАНУ, Филозофското друштво на Македонија денеска организира предавање на современиот кинески филозоф Оујанг Канг (Ouyang Kang) на тема „Генеративната вештачка интелигенција и нејзините значења од перспектива на социјалната епистемологија“ (Generative Artificial Intelligence and its Meanings in the Perspective оf Social Epistemology).

Д-р Оујанг Канг извршува повеќе функции на Универзитетот за наука и технологија Хуажонг (HUST), меѓу кои декан на Институтот за државно управување, професор и директор на Институтот за филозофија, директор на Институтот за социјални информациски студии, главен уредник на списанието за општествени науки на HUST и др. Д-р Оујанг е водечки научник во областите на интеркултурните студии, социјалната епистемологија, социјалните информации и филозофијата во Кина.

Има објавено повеќе од 10 книги; негови понови дела се: „Dialog and Reflection: Contemporary British and American Philosophy, Culture and Others“ (2005), „An Introduction to Social Informatics“ (2011), „On the Chinese Road“, 2013). Исто така, уредувал повеќе зборници, меѓу кои Philosophy of Social Science and Humanities (главен уредник, 2001), Map of Contemporary British and American Philosophy (главен уредник, 2005) и др.

Реклама

Објавил повеќе од 300 трудови на англиски и кинески јазик, раководел со повеќе од 10 национални и меѓународни истражувачки проекти и посетил повеќе од 30 земји за меѓународни конференции, академски предавања и заеднички истражувања. Споменатиот универзитет (Huazhong University of Science and Technology, HUST) спаѓа меѓу десетте најдобри во Кина и, според Шангајската листа, се наоѓа меѓу првите сто универзитети во светот.