Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Алиу во Дебар: Со законски измени ќе може да работат пензионирани здравствени работници до 70- годишна возраст

Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше во посета на Општата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше во посета на Општата болница  со проширена дејност во Дебар, изјави дека со измените на законот, кои се во владина процедура, пензионираните лекари и медицински сестри ќе може да продолжат да работат и по пензионирањето односно до 70-годишна возраст.

Според него, еден од проблемите што ги детектирале како Министерство е недостигот на здравствен кадар на територијата на цела Македонија, како лекари и медицински сестри, па како интелектуален капацитет, кој има повеќегодишно искуство се повеќе од потребни.

-Поради тоа темелно го сменивме законот со што сите лекари и медицински сестри, кои ќе достават барање до установата, каде недостига тој кадар, ќе може да продолжат да работат до 70- годишна возраст. Ќе имаат пензија, но ќе може и да продолжат со работа со дополнителна плата. Тоа ќе даде простор да имаме се помал недостиг на кадар. Имајќи во предвид дека здравството има потреба од искусни стручњаци и амбулантски услуги навистина овие кадри не треба да седат дома, рече Алиу. 

Реклама

Тој посочи дека законот сега е во владина процедура и за еден месец се надева дека сите лекари таму каде има потреба од таков профил ќе може до 70 години да продолжат да работат. 

-Ова е прв чекор. Вториот, со законот за оптимизација и дигитализација на административните процеси зедовме обврска за една година од дистанца да може да ангажираме лекари кои се надвор од државата а таков кадар имаме многу во дијаспората, каде во земјите каде се наоѓаат уживаат голема почит како стручњаци. Ќе работат онлајн и како што ми рекоа во разговор со дел од нив ќе помагаат и бесплатно, додаде Алиу. 

Тој денеска во болницата во Дебар го означи почетокот на пилот – проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата.