Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Велјановски: Борбата против криминалот и корупцијата е наша клучна заложба и нема отстапување

Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, на едно од гостувањата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Велјановски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, на едно од гостувањата на телевизиите се осврна на борбата против криминалот и корупцијата за што истакна дека е клучна заложба на ВМРО-ДПМНЕ, а во изминатите нецели 2 години не отстапиле од таа цел, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Би го дефинирал како заложба на ВМРО-ДПМНЕ која што е уште од кампањата која беше за парламентарните избори и еден од пиларите за кои што се залагаше и го побара гласот и поддршката од страна на граѓаните во текот на кампањата, беше токму борбата против криминал и корупцијата и сметам дека во овие нецели две години од владеењето не отстапивме ниту еден милиметар, од тоа дека треба да се обезбеди право и правна држава кој што е еден од постулатите на ЕУ“, рече Велјановски и додаде:

„Апсолутно сметам дека покажавме како политичка партија и како влада едно високо ниво на капацитет со тоа што дозволивме на некој начин и покрај тоа што судбината на јавниот обвинител зависеше директно од волјата на Владата и мнозинството во Собранието, тој имаше можност две години да покаже, докаже дека работи во расчистување на предметите коишто беа дел наследени, а дел отворени во негово време“.

Реклама

Според него, со назначувањето на новиот јавен обвинител, за кого нема забелешки во однос на неговата стручност и посветеност, ќе се интензивираат одредени предмети во наредниот период.

„Не е ништо поразлично од она што е наша генерална заложба, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата поради која и генерално ја добивме поддршката на изборите односно казната која што беше упатена кон СДС, која што на изминатите паралaмнтарни избори беше во рангот на статистичка грешка. Можеби се ова малку тешки зборови, но тоа го покажуваат бројките, и од парламентарните, подоцна претседателските избори и локалните избори“, вели Велјановски.

На прашањето околу оставката на обвинителката Ленче Ристоска, тој кажа дека е нејзина одлука, а истата и самата ја образложила, а како што вели Велјановски може да се гледа на тоа како позитивен чекор, бидејќи според него, таа била остатокот од СЈО кое нанесе штета на правниот систем, правната држава и многу судбини во земјава.

„Нема отстапување од нашите заложби и во однос на оставката сметам дека обвинителката Ленче Ристоска си поднесе оставка, тоа е нејзина одлука, одлуката ја образложи. Дали се работи за еден маркетиншки момент по оваа изјава или реалност, еве има повторно надлежни органи, кои би можеле повторно да направат истрага и да одлучат дали има вистина во нејзините изјави“, заклучи Велјановски.