Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Глоби од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Глоби од над 19 илјади евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамките на спроведените 1.221 вонредна контрола, кои беа спроведени пред велигденските празници – соопштуваат од АХВ.

– Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата „Дрисла“ беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија, кои беа спречени да се прошверцуваат во земјата – стои во соопштението од АХВ.

Од таму дополнуваат дека за утврдените недоследности со вонредните контроли (пласирање храна на пазарот со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнсти) донесени се 35 решенија за нивно отстранување и изречени се и шест опомени.

Реклама

– Со контролите, кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна и имаа цел да спречат пласирање небезбедни производи и сузбивање нелегална трговија пред велигденските празници, утврдено е и дека седум од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа – дополнуваат АХВ.