Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Започна реконструкцијата на атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес

Старата тартан подлога од атлетската патека на фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Старата тартан подлога од атлетската патека на фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес неделава  е извадена и веднаш по празниците ќе продолжат градежни работи за поставување на нова. Средствата во висина од 19 милиони 290 илјади денари или околу 200 илјади евра, за реализација на проектот „Реконструкција на атлетска патека во Општина Велес“ се обезбедени од Министерството за спорт.

Златко Стојковски директор на ЈП „Парк спорт“, кое е надлежно и за Градски стадион, информира дека градежните активности се одвиваат  според утврдената динамика.

 Тој појасни дека е завршена првата фаза за вадење на старата руинирана  тартан подлога, а целата количина е собрана и изнесена од стадионот. Во моментов се работи на подготовка на патеките за асфалтирање.

Реклама

– Потоа  штом ќе се исуши асфалтот што зависи од временскит услови и подлогата биде сува ќе се пристапи кон последната фаза од реконструкцијата, односно поставување или монтирање на новата тартан подлога на атлетската патека на Градскиот  фудбалски стадион во Велес, вели Стојковски. 

Тој информира дека според потпишаниот договор краен рок за завршување на работите е мај, годинава.

Изведувач на градежните работи е фирмата ДЗИТПТ „ИНТЕКО“ ДООЕЛ од Скопје додека надзорен орган е фирмата “ВЕРТЕКС АРХИТЕКТУРА“ ДОО Скопје.

Инаку атлетската патека на Градскиот фудбалски стадион  е изградена во 1982 година. Во изминатите години многумина од надлежните  ветуваат нејзина реконструкција.

Велешките атлетичари  со години наместо на тартан патека трчаат на тврди бехатон плочи во Градскиот  парк, и  велат едвај чекаат да заврши реконструкција и конечно да трчаат на удобна тартан патека.

Воедно, атлетичарите очекуваат и нови соблекувални во близина на  атлетската патека, откако нивната која ја имаа клубовите, од пред неколку години  беше пренаменета во тоалет за публиката на стадионот, па тие останаа без соблекувална.