Реклама
Македонија

Велики Петок – ден на тишина, молитва и сеќавање на Христовите страдања

Со строг пост и жалост, православните верници денеска го одбележуваат Велики Петок,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со строг пост и жалост, православните верници денеска го одбележуваат Велики Петок, денот кога бил распнат на крст Исус Христос, меѓу народот познат и како распети петок. Се смета за најтежок ден во Христијанството.

Во православните цркви на Велики петок не се служат литургии, туку царски часови со читање делови од евангелијата поврзани со настаните на деновите на страдањето. Утринава во црквата Св. Петка во Скопје богослужеше г. г. Стефан, по што како што налагаат традициите и црковните правила во храмот беше изнесена Светата Плаштеница која го симболизира Христовиот гроб. Обичајот е граѓаните да се поклонот па да поминат под неа оставајќи по едно црвено јајце.

Верниците денеска палеа свеќи и се молеа за здравје и благостостојба, велат дека Велики петок е ден кога секој треба да застане, да размисли и да се сврти кон духовните вредности.

Реклама

Според традицијата, на Велики петок не се работи ништо, не се јаде ништо до зајдисонце, а многумина практикуваат и целосен пост без храна и вода. Овој ден претставува вовед во Христовото воскресение.

Според преданието, Исус Христос починал распнат на крст во „шестиот час од денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила. Сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Од тогаш, на Велики петок, бијат дрвени клепала, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат се огласува радоста на Христовото воскресение.