Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Средба Али – Хоџа: Справување со климатските промени и јакнење на системот за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска се сретна со министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. 

Како што информира ЦУК, на средбата се дискутираше за унапредување на заштитата на животната средина, справување со предизвиците од климатските промени и јакнење на системот за управување со кризи.

– На средбата беше нагласена потребата од засилена институционална координација и стратешки пристап во креирањето политики што ќе придонесат за поголема заштита на животната средина и поефикасно управување со ризиците и кризите, особено во услови на зголемени последици од климатските промени. Двете страни ја потенцираа важноста од заедничко планирање, размена на информации и усогласување на активностите во насока на навремено превенирање и справување со предизвиците што произлегуваат од екстремните временски појави и другите климатски ризици, стои во соопштението. 

Реклама

Од ЦУК наведуваат дека директорот Али и министерот Хоџа ја потврдија својата подготвеност за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, оставајќи отворени можности за идни заеднички иницијативи и конкретни активности од заеднички интерес, во функција на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните.