Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Стивнува грипот во Куманово

Стивнува грипот во Куманово, покажуваат податоците на лекарите од општата болница-Куманово. Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стивнува грипот во Куманово, покажуваат податоците на лекарите од општата болница-Куманово. Според последните информации на Институтот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 30-тина случаи на лица од грип и заболувања слични на грип. Според податоците од Ургентниот центар, бројот на прегледи за време на дежурствата во последните денови е значително намален.

– Изминатиот месец имавме и до 150 прегледи за време на дежурствата, додека сега таа бројка е намалена на околу 50. Во моментот се забележува намалување на бројот на заболени, а и симптомите се со поблаг интензитет, изјави д-р Дарко Каранфиловски од Ургентниот центар при Општата болница Куманово.

Според него, иако сè уште има пациенти со грип, најчесто станува збор за полесни симптоми како болки во грлото, покачена температура и малаксаност. Сепак, регистрирани се и потешки случаи кај кои инфекцијата преминува во сериозни респираторни компликации.

Реклама

– Кај поголемиот дел од пациентите симптомите полека се повлекуваат, но и понатаму има случаи со тешки респираторни инфекции. Во моментов состојбата е многу постабилна, а најчестите интервенции се поврзани со секојдневни здравствени проблеми, болки во стомак, главоболки и покачен крвен притисок, додава Каранфиловски.

Лекарите појаснуваат дека на почетокот на болеста се применува симптоматска терапија, додека пациентите кај кои состојбата се влошува се пренасочуваат кон соодветните болнички оддели.

Како превентивна мерка, Каранфиловски препорачува внес на доволно течности, топли напитоци, витамини и минерали, редовни оброци и одмор, со цел полесно и побрзо закрепнување. Здравствените работници апелираат граѓаните и понатаму да бидат внимателни, особено хронично болните.