Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Учениците од осмо и од деветто одделение ќе може да учат за истражувачкото новинарство во рамките на предметот Граѓанско општество

Учениците од осмо и од деветто одделение во основните училишта ќе имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од осмо и од деветто одделение во основните училишта ќе имаат можност како незадолжителна активност да изберат да изучуваат истражувачко новинарство по предметот Граѓанско општество. На почетокот оваа активност ќе биде спроведувана како пилот-проект за што денеска во Собранието беше промовиран курикулум за истражувачко новинарство.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека Бирото за развој на образованието веќе го одобрило курикулумот, кој, како што рече, е еден вид практична школа за демократијата, а учениците ќе може да обработуваат теми од заедницата, ќе поставуваат прашања и ќе бараат одговори, ќе работат во тимови и ќе создаваат новинарски текстови. 

–  Преку воспитно-образовниот процес треба да подготвуваме нови генерации, кои знаат, почитуваат и применуваат демократски принципи на еднаквост, слобода на говор и учество во носењето одлуки. Ќе им овозможиме на децата од најрана возраст да учат дека сите, без разлика на пол, религија, раса и социоекономски статус и многу други елементи, имаат еднакви права и можности. Вештините на критичко размислување, тимската работа и дијалогот, кои генерираат функционална демократија, најдобро се усвојуваат кога се интегрирани во наставните програми – рече Јаневска. 

Реклама

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, рече дека истражувачкото новинарство во својата суштина е дисциплина на прашања, докази и одговорност. – Во време на огромен информациски шум, тоа е можеби една од највредните граѓански компетенции што можеме да ја поттикнеме кај младите да знаат да проверуваат, да анализираат и да донесуваат информирани заклучоци. Целта не е да создадеме новинари по секоја цена, туку да создадеме граѓани што умеат да разликуваат факт од манипулација, аргумент од навреда, јавен интерес од сензационализам – рече Гаши. 

Според него, младите се изложени на содржини што доаѓаат бргу, често без извори и неретко со скриени намери. – Затоа медиумската писменост и критичкото мислење не се додаток – тие се основни граѓански компетенции. Со вакви курикулуми ние инвестираме во отпорноста на демократијата, во способноста на следната генерација да разликува факт од мислење, доказ од претпоставка и јавен интерес од сензационализам – додаде Гаши. 

Тој упати порака до наставниците дека нивната улога е незаменлива и оти ниедна програма не може да успее без нивната енергија, без нивното искуство и без нивната верба дека учениците може да научат повеќе кога им даваме простор да истражуваат, да прашуваат, да дебатираат и да градат аргументи.   

Автор на курикулумот за истражувачко новинарство по предметот Граѓанско образование е Виктор Новаковски, а тој е изработен преку програмата за парламентарна поддршка, Парламентарниот институт на Собранието и Швајцарската агенција за развој. Новаковски волонтерски го изработил курикулумот, чија финална верзија била изработена во соработка со 23 наставници од основните училишта во целата земја. 

Амбасадорот на Швајцарија, Кристофер Зомер, им се обрати на учениците што беа дојдени заедно со свои наставници во Собранието порачувајќи дека тие ќе треба да истражуваат за подобро да разберат како функционираат институциите. Нагласи дека новинарството и граѓанското општество имаат значајна улога во спроведувањето на демократијата.