Реклама
Македонија

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

Дали сте пријавени или одјавени од здравствено осигурување, дали сте осигурени и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали сте пријавени или одјавени од здравствено осигурување, дали сте осигурени и дали ви е платен придонесот, како и потврда за исплатен надоместок за време на боледување – сите овие документи преку “е-услуги” стануваат достапни со еден клик. За фирмите, за првпат, овозможено е целосно дигитално издавање потврда за платен здравствен придонес – достапно во секое време и од било кое место.Електронските сервиси во државата добиваат ново засилување – без редици, без чекање и без одење по шалтери. Со овие новини, се намалува административниот товар, се заштедува време и државните сервиси стануваат поблиску до граѓаните.

„Овие услуги се само почеток на системска дигитална трансформација и во овој сектор, а не на изолирани технички решенија. Особено сакам да истакнам дека корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат и во системот за единствена најава на национално ниво, а со тоа граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил, непречено да се движат и да користат услуги на различни институционални портали без повторно најавување и без дополнителни административни бариери“,рече министерот Стефан Андоновски.

Од ФЗОМ велат – ова значи помалку хартија, помалку администрација и повеќе заштедено време за сите.Според директорот Клековски, Фондот веќе се вмрежил со УЈП, со Управата за водење матични книги и со Мој Термин, за граѓаните полесно да доаѓаат до услуги. Се работи и на националното електронско сандаче кое ќе помогне граѓаните да добиваат известувања наместо во хартија, електронски поради поплаки дека хартиените известувања се губат и доцнат.

Реклама

Во најголем дел ин-витрото е дигитализирано во поглед на доставувањето на ваучерите, зашто хартиените се губеа во доставата. Наскоро ќе се дигитализира и поднесувањето на барањата за ин-витро и нема да има потреба да се доаѓа во ФЗОМ. За е-рецептот на пролет имаме рок системот да е активен и да ја олесни работата на аптеките и на матичните лекари. Сакаме да направиме геомапирање на сите јавни и приватни здравствени установи со кои ФЗОМ има договор и на сите доктори што имаат факсимил со ФЗОМ како и сите здравствени услуги за кои одредена здравствена установа има договор со Фондот, рече Клековски.

Дека елекстронските услуги се користат се’ повеќе докажуваат и бројките. Во 2024 година порталот е- услуги имал околу 120 илјади корисници, а денес бројот е над 240 илјади, додека бројот на достапни услуги е зголемен за 120 проценти.

Според министерот за дигитална трансформација, граѓаните сè повеќе се одлучуваат за електронски наместо за хартиени постапки, со цел да избегнат редици и чекање. Тој посочи дека изводите од родени, венчани и починати, како и потврдата за слободна брачна состојба, се целосно достапни онлајн.